КОГА ГАЗДАТА Е ОПАСЕН ШМЕКЕР – На вработените им понудил 5.000 евра да се вакцинираат, се’ го чинело 2,5 милиони евра, но вели дека се исплатело

Бројот на вакцинирани во Германија моментално стагнира. На крајот на минатата година дневно се вакцинираа повеќе од милион Германци, а неодамна околу 300.000. Затоа властите и работодавачите се одлучуваат за различни стимулации за да привлечат што повеќе граѓани на имунизација.
Компанија од Јена на своите вработени им понудила бонус од 5.000 евра за само една доза вакцина, пренесува Fenix-magazine.
Станува збор за компанијата „Бочер АГ“, а нејзиниот директор Удо Бочер на крајот на минатата година изјавил дека неговата понуда ќе важи до крајот на јануари 2022. година.

This image has an empty alt attribute; its file name is vakcina-za-korona-irus.jpg


Изгледа дека успеал во својот план. Порано секој десетти работник бил заразен, а стапката на вакцинација била околу 60 проценти. Денеска во компанијата 90 отсто од вработените се вакцинирани.
„Понудата ја искористија повеќе од 500. вработени.Тоа ја чинеше компанијата околу 2,5 милиони евра“, рекол Бочер, а членот на управниот одбор Данило Фрасиак рекол дека одлуката се исплатела.
„Додека во ноември имавме и до 10 инфекции дневно, во последните 6 недели е регистрирана само една инфекција. Нашите вработени се заштитени од ефектите на корона инфекција, што е многу добро за нас како компанија бидејќи можеме да ја работиме нашето работа со одличен тим“, рекол Фрасиак.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …