Какво време не очекува викендов и во почетокот на новата недела?

Во текот на денешниот ден времето во државава сеуште ќе биде променливо облачно и ветровито односно ќе дува засилен ветер од северен правец а ќе има услови и за повремен локален слаб дожд.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 21. до 29. степени.


Најновите  анализи покажуваат дека времето до крајот на оваа недела останува стабилното, суво и натпросечно топло (мини лето).

Меѓутоа на самиот почеток од наредната недела односно од понеделник па натаму под влијание на циклонска активност ќе има промена на временската состојба кај нас односно ќе има зголемена облачност, врнежи од дожд и значително опаѓање на температурите на воздухот. На некои места врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ а можна е појава и на локална нестабилност проследена со грмежи.


Според сегашните анализи се очекува да наврне позначително количество на воден талог но поради тоа што има уште неколку денови до овој циклон можни се некои измени во прогнозата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …