Какво време не очекува до крајот на неделата: Сонце со мирис на есен!

Времето денеска ќе биде сончево и свежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер.

Во Маврово утринската температура ќе биде најниска 0, а највисоката, 9 степени, во Гвегелија. Дневната, пак, ќе се движи од 18 до 22 Целзиусови степени.
Во Скопје максималната дневна температурата ќе достигне до 18 степени.
До сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, преку денот претежно сончево со пораст на дневните температри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре и задутре најниската утринска ќе се спушти еден степен под нулата, а највисоката дневна ќе биде 24 (четврток) и 26 (петок).
Од недела, информира УХМР, ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …