Славната американска тенисерка го дала својот придонес во кревањето на свеста за превентивата како најважен фактор во борбата против рак на градите.
Серена храбро соблекла се од себе и преку песна испратила силна порака на сите жени на планетата.
Проектот под наслов „Се допирам“ има за цел да им го сврти вниманието на жените редовно, само со допирање, да ги контролираат своите гради и ако зебележат некој израсток или почувствуваат болка веднаш да се јават во здравствена установа.
Амбасадор на оваа кампања е токму Серена Вилијамс.