Од УХМР најавуваат промени на времето кои малку ќе не потсетат дека сме сеуште во зима…
Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
За утре се најавува променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, на планините со повремен снег, особено во западните и северните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието и на повисоките места каде на места ќе достигнува над 70 км/час.
Заради продор на студена воздушна маса од север утре ќе има позначителна промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на планините со локален снег, претежно во западните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места каде повремено ќе достигнува брзина над 70 км/час. Во недела ќе се задржи променливо облачно и свежо со услови за слаби локални врнежи. Дневните температури ќе опаѓаат и во недела ќе бидат пониски за 8 до 10 степени од досегашните. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни.
Извор: УХМР