(ФОТО) Пророштво на наследничката на баба Ванга: „Европа ќе биде погодена од сериија катаклизми – Венеција ќе потоне!

Бугарката Кети Иванова, која по цмрта на Ванга била прогласена за нејзина наследничка, е позната и по многу визии што се остварија.
Кети уште во 1993. година тврдела дека „Босна ќе биде поделена на два дела и дека ситуацијата во Хрватска ќе се влоши после тоа“. И беше така.
Европа во превирања
Самата Европа ќе има проблеми што нема да може да ги реши самостојно. Тероризмот или некоја болест ќе полета толку многу што нема да биде безбедно да се патува насекаде.
Во Европа ќе дојде до војна, но само кога некои групи во неа ќе ја започнат. Пред тоа ќе има мирна окупација на скоро сите европски земји. Луѓето од исток ќе доаѓаат кон европските градови. Најлошо ќе биде во Париз и Берлин. Тогаш новодојдените, кога ќе ги има милиони, ќе се кренат во бунт. Ќе има крв и Европа никогаш нема да биде иста како порано.
Турците ќе се обидат да ја нападнат Виена со помош на нивните сојузници, но ќе претрпат пораз. Во спротивно, Турците нема да обрнат внимание на предупредувањата на меѓународната заедница, бидејќи некогаш успеале насилно да ја наметнат својата моќ (Кипар). Делови од Грција, а особено Бугарија, ќе бидат загрозени. Продорот на Турција во Европа ќе го запре мудар политичар кој ќе го слушаат сите страни.


Во низата катаклизми што ќе ја снајдат Европа, Венеција ќе потоне!
– Ќе има многу природни катастрофи, три пати повеќе земјотреси од порано, дури и авиони ќе се срушат почесто отколку сега. Тоа е само дел од она што следува …


Добро за Балканот
Проширувањето на исламот е очигледно низ целиот свет. Западот не сторил ништо за да се заштити, па затоа ќе плати висока цена. Корумпираните компании и нивните сопственици ќе ги предадат интересите на нивните земји.

Пред почетокот на новиот век, Кина ќе стане голема светска сила од која сите ќе се плашат.
Тој страв ќе биде неоправдан затоа што Кина ќе се грижи за своите работи и нема да води освојувачки војни. Азискиот тигар нема да „проголта“ други, туку ќе развие моќна технолошка база, ќе собере голем капитал и ќе започне да се развива. Тоа ќе биде добро и за Балканот.
Светот треба да биде загрижен за војната што се подготвува. Водачите се познати и на Обединетите нации. Војната ќе опфати еден дел од Европа, но не и Балканот, Азија и Јужна Америка.
Германија своите светли моменти ќе ги проживее до 2005 година. После тоа, ќе и тргне наопаку, а потоа војната ќе и тропне на вратата. Нема да биде повторно поделена, но ќе ја загуби војната…
Така рекла Кети Иванова.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …