Какво време ќе имаме во наредните 5. дена

И оваа недела ќе се среќаваме со дождливи и студени денови, барем за овој период од годината. Наместо да се радуваме на сонцето и топлите сончеви зраци од УХМР најавуваат дека и оваа седмица ќе имаме ладно време проследено со ветер и дожд…
Денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи (локално се очекува да наврнат над 15 л/м2). На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од северен правец.Температурата ќе се движи од 4.до 6 (наутро), а во текот на денот од 4. до 17. степени.
За утре се очекува слично време – променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои понекаде краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер.Температурите нема да претрпат поголеми промени.


За среда се очекува сончево со мала до умерена облачност. Претежно во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минимална температура: 0°C до 5°C. Максимална температура: 13°C до 21°C.
Во четврток се најавува променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Минимална температура: 1°C до 7°C. Максимална температура: 15°C до 22°C.
Во петок би требало да биде претежно облачно со локални врнежи од дожд.Минимална температура: 4°C до 9°C. Максимална температура: 13°C до 20°C.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …