Јубилејното 35. издание на Валандовскиот фестивал ќе се одржи на 5. јуни

Во најава на фестивалската програма, на 3. и 4. јуни на градскиот плоштад во Валандово ќе настапуваат Горан и Ленче Куќиќ, Александар и Дац, Љубојна и Владо Јаневски.
Годинешново 35. јубилејно издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест Валандово”, ќе се одржи во една натпреварувачка вечер, на 5. јуни, потврдија организаторите на прес конференција градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и уметничкиот директор на фестивалот, Живоин Глишиќ.
На единствената натпревувачка вечер ќе бидат претставени 23. новосоздадени фолк композиции, а изборот на победничката песна ќе го одлучува стручното жири и присутната публика во фестивалската сала во Домот на културата „Јанко Узунов”, во Валандово.

This image has an empty alt attribute; its file name is folk-fest-valandovo-1.jpg
Во најава на фестивалската програма, на 3. и 4. јуни на градскиот плоштад во Валандово ќе настапуваат Горан и Ленче Куќиќ, Александар и Дац,Љубојна и Владо Јаневски.
Во ревијалниот дел на фестивалот, кој има исклучително културолошко значење за нашата земја, ќе настапи доајенката на македонската фолк песна,Блага Петреска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …