Изложба на Цијанотипи

Во Домот на култура „Илинден“ во Демир Хисар, денес со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата Цијанотипи.

Изложба на ЦИЈАНОТИПИ изработени за време на Работилницата по цијанотипија која се одржа на 7 и 8 октомври во просториите на Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар под менторство на Иван Алушевски и Стефан Шашков.


Учесници: Анастасија Ѓоргијовска, Викторија Настевска, Јована Илиовска и Христина Ангелевска.

Работилницата и изложбата се во организација на ЦЕНТАР ЗА КРЕАТИВНИ ИНДУСТРИИ-НЕБО, Суводол. Локален соработник: Дом на култура „Илинден“ Демир Хисар.


Изложбата ќе биде отворена до 28 октомври 2023 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Младиот чорбаџија“ – Едукативна претстава за најмалите

Во понеделник, 13 мај 2024 година во 18:00 часот, во малата сала на НУЦК Трајко …