Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд со славенички концерт во Македонска Филхармонија

Вечерва во Македонска Филхармонија, со почеток од 20:00 часот, ќе се одржи Славеничкиот концерт на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд. Игор во најавата за претстојниот концерт вели;

Народе мој. Со најголема доза на среќа и задоволство Ви го најавувам концертот на 21 октомври во Македонската Филхармонија, каде што ќе прославиме два јубилеја:
30 години заедничка соработка со мојот #guru hare и нашиот бенд ( и ќе признаете за славење е), и мојот 60 ти роденден (што и не е баш за славење).


Борбата против кичот, шундот и плејбекот не само што продолжува, туку нема намера да застане.

Блуз во Филхармонија…


Билетите се продаваат по цена од 200 денари и се достапни преку продажната мрежа на мк.тикетс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот уметник Киро Урдин

Киро Урдин е роден во Струмица на 12 мај 1945 година. Дипломирал на правниот факултет …