Boston Celtics vs Los Angeles Lakers 4/5/02

На денешен ден е роден еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња Дражен Петровиќ

Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња Дражен Петровиќ е роден во Шибеник на 22 октомври 1964 година.

Од 13 години почнал да игра во подмладокот во локалниот клуб. На 15 години почнал да игра во првиот тим, веднаш после влегувањето на Шибенка во прва лига. Со Петровиќ како ѕвезда на тимот, Шибенка двапати стигнала до финалето на Купот на Радивој Кораќ во 1982. и 1983. и на двапати изгубила од ЦСП Лимож. Во 1983. Дражен погодил две слободни фрлања за победа на Шибенка над КК Босна во финалето на плеј-офот, но утредента титулата на Шибенка е одземена поради наводни нерегуларности во судењето од страна на Кошаркарскиот сојуз. Петровиќ играл за Кошаркарската репрезентација на Југославија на Балканските првенства и освоил бронза и злато со јуниорскиот тим и сребро со првиот тим. Во 1982. исто така освоил сребро на Европското јуниорско првенство во кошарка кое се одржало во Грција.


После отслужувањето на воениот рок во ЈНА, Петровиќ ги следел чекорите на својот брат Александар и преминал во КК Цибона. Дражен со Цибона ги освоил првенството и купот на Југославија како и титулата европски шампион со победата против Реал Мадрид од 87:78 во која Петровиќ постигнал 39 бода. Втората титула ја освоил наредната година, а Петровиќ постигнал 22 бода во победата над КК Жалгирис, за којшто клуб тогаш играл Арвидас Сабонис. Истата година Дражен го освоил и домашниот куп, а Петровиќ постигнал 46 бода против стариот конкурент Босна. Својот трет европски трофеј Дражен го освоил во 1987. со победата во финалето на Купот на Рајмондо Сапорте (Куп на победниците на куповите) против КК Скаволини Пезаро, каде што постигнал 28 бода.

Со југословенската репрезентација Петровиќ освоил бронза на Летните олимписки игри 1984 во Лос Анџелес. Трето место освоил и на Светското првенство во кошарка 1986 после трилер натпреварот во последната минута од полуфиналниот натпревар против Советскиот Сојуз. Од Европското првенство во кошарка 1987 во Грција, Петровиќ се вратил со бронза, после поразот на Југославија во полуфиналето од домаќинот и освајувачот на златниот медал Грција. На Универзијадата која била одржана во Загреб 1987, Петровиќ со југословенскиот тим го освои златото. На Летните олимписки игри 1988 во Сеул, Петровиќ го освоил среброто, бидејќи Југославија загуби во финалето од Советскиот Сојуз. Петровиќ признал дека му се потребни нови предизвици па затоа размислувал да помине од другата страна на Атлантикот. Портланд Трејлблејзерси веќе го одбрале Петровиќ во третиот круг од драфтот 1986. Меѓутоа, тој решил да го одложи одењето во САД и 1988. потпишал за Реал Мадрид, во за тоа голема сума од 4 милиони американски долари.


Во сезоната 1988-1989. Петровиќ го носел дресот на шпанскиот кралски клуб, Реал од Мадрид. Иако титулата во првенството ја изгубија во последната мајсторка од Барселона, Петровиќ му помогна на Реал го освои националниот куп со победа над нивниот каталонски конкурент. Петровиќ исто така го предводеше клубот и во победата над Снајдеро Казерта во финалето на Купот на победниците на куповите изедначувајќи го својот рекорд во европските натпреварувања (62 бода). Неговата прва сезона во -{ACB}- лигата е исто така и последна, но тој сеиште го држи рекордот на ACB лигата во бројот на постигнати бодови (42) и тројки (8) во финалната серија.

На одличната сезона во клупските натпреварувања Петровиќ го додаде и златниот медал од Европското првенство во кошарка 1989 во Загреб каде што младиот југословенски тим газеше се по ред и многу лесно ја совладаа Грција во финалето. Петровиќ беше и втор стрелец на првенството и најкорисен играч.


Мотивиран од предизвикот и притисокот од Портланд Трејлблејзерси, кои го драфтуваа како 60. пик 1986, Петровиќ конечно реши да се проба и да се докаже во  NBA. Ненадејно ја напушти Шпанија на крајот на сезоната, си го откупи својот договор со Реал и се придружи на Блејзерси во сезоната 1989-1990.

Во многу свои изјави пред доаѓањето во Портланд, Петровиќ го наведе недостатокот на минутажа како единствена можна пречка за неговиот успех во NBA. Во својата прва сезона со Блејзерси, тие грижи се потврдија како точни. Во почетната постава на Портланд беа Клајд Дрекслер и Тери Портер, па најдобриот европски играч беше принуден да игра просечно по 12 минути по натпревар, што му овозможуваше да постигнува за него скромни 7,4 бода по натпревар. Почетокот на сезоната 1990-1991 го доведе незадоволството на Петровиќ до врв, бидејќи неговата минутажа паѓаше. На негово барање, после 38 натпревари во сезоната (од кои во 20 не играше), премина во Њу Џерси Нетс.

На 23 јануари 1991, Петровиќ стана член на Њу Џерси Нетс. Беше дел од тимот во кој беа Кени Андерсон и Дерик Колеман, двајца играчи кои најмногу ветуваа во лигата, но исто така и тим кој не стигна до плеј-оф во сезоната 1985-1986. Решен да не му се повтори епизодата со Портланд, Петровиќ веднаш одговори на зголемената минутажа (20,5 минути по натпревар), постигнувајќи просечно 12,6 бода во 43 натпревари за Нетсите. Првата комплетна сезона со Нетсите беше навистина импозантна: не пропушти ниту еден натпревар, постигна во просек 20,6 бода за 39,9 минути поминати на паркетот и беше прв помеѓу бековите по успешност во поентирање од игра (51%), се покажа како водач на тимот и е прогласен за најкорисен тимски играч. Уште поважно, неговите успеси се пренесоа на успехот на целиот тим, бидејќи Нетси забележаа 14 победи повеќе од претходната сезона и стигнаа до плеј-офот. Следната сезона 1992-1993 Петровиќ го подобри својот просечен учинок (22,3) и го повтори одличниот процент на поентирање за три бода од минатата сезона (45%), и повторно беше најдобар меѓу бековите по успешност за поентирање од игра (52%). Американските медиуми го избраа во третиот NBA тим за таа сезона. Меѓутоа, неуспехот да се избори за повик за Ол-Стар натпреварот во 1993  дојде како големо разочарување за Петровиќ; тој беше единствениот меѓу првите 15 стрелци кој не доби покана.

Во летото 1993, после најдобрата сезона во NBA и елиминацијата на Нетси во првата рунда од плеј-офот од Кливленд Кавалирси, Петровиќ отпатува за Полска, каде што хрватската репрезентација играше квалификации за Европското првенство во кошарка 1993.. Од приватни причини, Петровиќ решил од Полска да се врати во Хрватска со сопствено возило.

Дражен Петровиќ загина како совозач во сообраќајна несреќа на Авто-патот 9 кај Денкендорф, близу до Инголштат, Германија, приближно во 17:20 на 7 јуни во 1993, четири и пол месеци пред својот 29. роденден.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …