Ивана Трамп починала од повреди на торзото предизвикани од пад по скали

Ивана Трамп, бизнисменката и прва сопруга на поранешниот претседател Доналд Трамп, починала од повреди здобиени при пад по скали, потврдила канцеларијата на медицинскиот истражител во Њујорк.
Иако вчера веќе се шпекулираше дека тоа е причината за смртта на Трамп, сега е и официјално потврдено.
Како официјална причина за смртта на 73-годишната жена се наведуваат повредите на торзото нанесени од тап предмет. Нејзиниот пад бил прогласен за несреќен случај.
Трамп беше пронајдена на скалите во нејзиниот дом во Апер Ист Сајд во четвртокот, потврдија претставници на NYPD. Таа била прогласена за мртва на местото на настанот кога пристигнала ЕМС.
Извештаите од токсикологијата и деталите за тоа што можеби и претходело на несреќата сè уште не се објавени.
Веста за нејзината смрт ја потврди семејството Трамп.
„Со длабока тага ја објавуваме смртта на нашата сакана мајка, Ивана Трамп. Нашата мајка беше неверојатна жена, сила во работа, спортист од светска класа, сјајна убавица и грижлива мајка и пријателка“, стпи во изјавата.
Ивана се омажи за Доналд Трамп во 1977. година и имала клучни менаџерски позиции во Организацијата Трамп. Таа се смета за личност која му помогнала на нејзиниот сопруг да ја изгради целата империја. Заедно добија три деца, а бракот завршил во 1992 година.

Фото:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …