Италијанска донација од над 250.000 дози Фајзер за Македонија но и современи машини за медицинскиот сектор во вредност од над 2,5 милиони евра

Вчера во попладневните часови, во Скопје пристигна првиот дел од италијанската донација од 250.380 вакцини Pfizer (втората пратка пристигнува во среда, 9. февруари). Ова е најголемата донација досега направена од една земја за Северна Македонија, како што најави министерката за внатрешни работи на Италија, Лучана Ламорџезе, при нејзината посета на Македонија при крајот на минатата година. Донацијата од Министерство за надворешни работи на Република Италија донација беше реализирана преку механизмот Ковакс (спроведена од страна на Уницеф во соработка со Гави, Ваксин Алианс и СЗО).
Оваа донација е дел од еден општ италијански план за поддршка, како во улога на земја членка на ЕУ, така и во билатерален контекст, а чија цел е да се поттикне вакцинацијата на глобално ниво. Во 2021. година Италија издвои 385. милиони евра за Ковакс системот и 45. милиони дози вакцини наменети за други земји. „Преку оваа донација сакаме да ѝ пружиме конкретна поддршка на Македонија во борбата против пандемијата на Ковид-19″ изјави Амбасадорот Силвестри и додаде: „Важно е сега да се интензивира кампањата за вакцинација, за да се обезбеди поголема заштита на населението”.

This image has an empty alt attribute; its file name is fajzer-vakcina-reakcii-1024x683.jpg
На овој апел се придружи и Министерот за здравство на Република Македонија, Беким Сали, кој срдечно се заблагодари за донацијата и за континуираната поддршка што Италија ѝ ја пружа на Северна Македонија.
Денешната донација е во согласност со традиционалната италијанска поддршка за Македонија, вклучително и во здравствениот сектор. Имено, во тек е последната фаза од „Програмата за рационализација и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор во Република Македонија”, што се реализира со помош на мекиот заем кој Италија ѝ го додели на Северна Македонија со цел набавка на современи машини во здравствениот сектор, во вкупна вредност од над два и пол милиони евра.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …