ИСТРАЖУВАЊЕ на Академијата на воени медицински науки во Пекинг: Коронавирусот во воздух може да патува до 4. метри – познато е каде најмногу се задржува

Биле тестирани примероци од оддел од болницата Хоушеншен во Вухан…
Повеќето капки со вирусот паѓаат на тлото…

Новите истражувања кои ги испитувало причините за воздух од болничките одделенија со пациенти позитивни на „Ковид-19“ откриле дека коронавирусот може да достигне и до четири метри – двојно повеќе од растојанието што треба да се одржи според сегашните упатства.
Овие прелиминарни резултати од тим од истражувачи во Пекинг се објавени во списанието „Emerging Infective Diseases” (Нови инфективни заболувања).Истражувачи од академијата за воени медицински науки во Пекинг тестирале примероци од одделение во болницата „Хоушенчен“ во Вухан.
Вирусот најмногу паѓа на подот
Помеѓу 19. февруари и 2. април, тие сместиле вкупно 24. пациенти. Откриле дека вирусите се претежно на подот на одделот, а тоа го припишуваат на гравитација и протокот на воздухот, поради што повеќето капки на вирусот паѓаат на земја.
Високо ниво било пронајдено и на често допирни површини како компјутерски глувци, ѓубре и кваки од врата.



Ниту еден вработен во болницата не бил заразен

Соодветни мерки
Исто така, половина од примероците од ѓоновите на медицинскиот персонал го носеле вирусот и може да се заклучи дека обувките на медицинскиот персонал може да функционираат како носители.
Охрабрувачки е што ниту еден вработен во болницата не е заразен, што укажува дека соодветни мерки на претпазливост можат ефикасно да ја спречат инфекцијата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …