ИСПОВЕД НА СТЈУАРДЕСА: „Одлучија да имаат секс, дури и го извади и градникот!“

Бившата британска стјуардеса Натали Смит проговорила за највпечатливите работи кои и се случиле за време на кариерата…
Работата на стјуардеса ја извршувала три години и видела се – од немирни патници во првата класа до ужасни ситуации кога авион паднал за 2.400 метри во само неколку секунди поради турбиуленција.
„Животот на ‘кукла која ја турка количката’ има тешки моменти. Иако се чувствувате гламурозно кога работите за престижна авионска компанија и за живот патувате низ светот, овој стил на живот понекогаш е заморен и тежок. Невоспитани патници и непријатните летови се дел од тоа“, рекла.
Како што вели, еден од највпечатливите моменти и приредиле двајца патници во првата класа кои одлучиле да имаат секс во своите седишта.

„Апсолутно тоа го планираа, во еден момент дури видов како нејзинит градник летна на подот“, раскажала.
Додала и дека таа и колегата некое време се обидувале да го разубедат парот дека не би требало да имаат секс во авионот.
„На крај моравме да седиме помеѓу нив до крајот на летот“, открила стјуардесата.
Иако нагласува дека сексот во авион не е нужно илегален, поради што би можеле да добиете пријава за прекршок.
„Ако авиокомпанијата мисли дека сте го прекршиле законот може да повика полиција“, додала Смит.
Најлошото искуство и се случило за време на ураганот Натали, кога летала од Лондон за Лас Вегас.
„Имав доживеано многу турбуленции но ниту една не беше како оваа. За само неколку секунди паднавме 2.400 метри. Тоа беше пекол. патниците буквално со часови беа во тоалетот, еден маж удри со главата, а сите буквално повраќаа по авионот“, раскажала и додала дека доживеала и присилно слетување, свршувачка во авион, тепачки на патници, итни медицински случаи и некои работи за кои не можела да зборува.

„Понекогаш она што се случува на небото остануваат на небото“, тврди.
„Еднаш летав со познат рапер, ме изненади колку е љубезен. Само што ми пропадна летот со друга компанија и очекував безобразно однесување и голема придружба околу него. Наместо тоа беше мнгоу љубезен и подготвен за разговор“, рекла додавајќи дека друг пат летала со глумец „познат по својот британски шарм“ кој за време на летот го понижувал персоналот во авионот и со прстите ги повикувал да дојдат.
Уште еден проблем бил кога патниците ќе се опиеле во авионот, а потоа не се во состојба да го контролираат својот „меур“.
„Една патничка во прва класа толку многу се опи што ја уловив како мокри зад барот мислејќи дека е тоалет.Толку бев шокирана што прво отидов да се смирам, а потоа се вратив да го исчистам нередот“, открила Натали.
Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …