Игрите од детството повторно на плочниците во Аеродром

Капитол мол организира „Денови на семејни игри“ од 7 до 9 јуни
Школка, серва, ластик, минско поле, хулахоп и други игри, како и одличните улични забавувачи од Баскерфестќе ги вратат детските насмевки во Скопје и во општина Аеродром. На плочникот пред Капитол мол во склоп на „Денови на семејни игри“ возрасните ќе се потсетат на нивните детски денови, а најмалите ќе се научат на нов извор на среќа.

Три дена, од 7-ми до 9-тијуни, од 19.00 до 21.00 часот подгответе се за патување во земјата на насмевките и радоста. Десетици тимови на родители со нивните деца веќе се пријавија на „Денови на семејни игри“ и тие ќе играат за многу подароци.Сите кои мислат дека можат да бидат дел од овој настан можат слободно да се пријават на https://www.facebook.com/capitolmall/ преку испраќање на порака до официјалната Фејсбук фан страна на Капитол мол. Тимот мора да биде составен од еден возрасен и едно дете. Секој тим има можност да се пријави за било која игра во четврток или петок. Со победа воодредената игра тимот добива можност да го сврти „тркалото на среќата“ и да стане потенцијален добитник на утешна награда. Додека пак на финалето во сабота ќе се натпреваруваат сите тимови со најдобри резултати. Победниците во сабота, најдобрите од најдобрите, ќе добијатвредносни подароци.


За сите останати посетителиод 7 до 9 јуни подготвивме забава со точките на уличните забавувачи од Баскерфест Македонијасекој ден од 19.00 до 21.00 часот.

Капитол мол повеќе од 4-ри години ги води своите посетители на незаборавни патувања и авантури преку разни кампањи и акции. Како резултат навербата иубедувањето дека овој трговски центар е место за сите,Капитол мол ги организира настаните од ваков карактер со цел да им понуди поинтересни содржини на сите посетители.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …