Играл на сигурна карта: Примил пет дози вакцина – го фатиле при шестиот обид!

Властите во Рио де Жанеиро во моментов истражуваат како еден жител успеал да прими најмалку пет дози од три различни вакцини против коронавирус.
Според официјалните податоци, неименуван маж започнал да прима вакцини против ковид -19 во мај, а потоа продолжил во јуни и јули, додека персоналот на пунктот за вакцинација, кога човекот се обидел да ја добие шестата доза, не открил за што станува збор, пренесува “Oditi sentral”.
Извештаите добиени од бразилските медиуми покажуваат дека човекот прво ја примил вакцината Фајзер на 12. мај, а потоа АстраЗенека на 5. јуни. Следна по ред била дозата на Синовак на 17. јуни, по што Бразилецот отишол на втората доза на Фајзер на 9. јули и го заврши својот „маратон“ на 21 јули, исто така со Синовак.
Властите првично верувале дека има недостатоци во електронските записи, меѓутоа, истрагата на Општинското одделение за здравство во Рио покажало дека не се случила грешка.


„Случајот се истражува со цел да се утврди дали имало грешка при регистрацијата во системот или некоја друга неправилност“, се наведува во извештајот на Општинското одделение за здравство.
За да работите бидат уште полоши, оваа вест дошла во време кога Бразил се соочува со недостаток на вакцини, додека милиони луѓе чекаат да ја примат првата доза.
Според извештаите, анонимниот човек се чувствува добро откако примил пет вакцини, и бил фатен како се обидува да ја добие шестата доза.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …