Холивудски глумец осуден на 3. години затвор поради сексуално злоставување

Актерот Кевин Гатри е осуден на три години затвор за сексуално злоставување на актерка, инцидентот се случил во 2017. година во станот на актерот Скот Рид.
Кевин Гатри, кој е познат по улогата на Абернати во филмот „Фантастични ѕверови“, сексуално ја искористил 29-годишната девојка по ноќното излегување за време на кое и се слошило, пишува „The Sun“. Инцидентот се случил во 2017. година во станот на актерот Скот Рид.
Актерката сведочела дека Гатри ја допирал и извршил блуд над неа откако и помогнал да легне. Тој тврди дека и помогнал само да легне, но на нејзината долна облека е пронајдена негова ДНК


Иако Гатри апелирал до судот дека оваа одлука може да биде фатална за неговата кариера, судот останал безмилосен.
„Бевте во позиција да и помогнете кога не се чувствуваше добро. Ова е грозоморно злосторство, требаше да се грижите за неа сè додека таа не можеше да се грижи за себе”, рекол судијата.
Името на Гатри ќе се најде во регистарот на сексуални престапници на неодредено време.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …