Холивудска глумца уапсена за убиство на мајка си

Актерката Моли Фицџералд (38) е уапсена на 31. декември, откако полицијата открила дека со нож ја избодела својата мајка, Патрисија Фицџералд (68) во Канзас.
Инцидентот се случил на 20. декември во Канзас сити. Фицџералд е обвинета за убиство од втор степен, а наскоро треба да излезе пред судот. Погребот на мајка ѝ е закажан за 3. јануари.


“Околностите не се важни. Ние сме во шок. Ја изгубив сестра ми, тоа е нешто”, изјави нејзиниот брат Гери Хунзикер за Kansas City Star.
Моли Фицџералд е актерка, режисер и продуцент, а во 2011 година се појави во филмот за суперхеројот „Капетан Америка“. Во тој филм работеше и како асистент на режисерот Џои Џонсон.

Блиските ја опишуваат Моли како мила личност која секогаш им помагала на сите и не им е јасно што ѝ се случило, за така ѕверски да ја убие својата мајка. Поводот и мотивот за убиството и натаму се непознати.
Фицџералд стекна слава со улогата во „Captain America: The First Avenger“, а претходно глумеше во „Absurd Illusions“. Во 2018 година се појави во филмот „Trouble Is My Business“. Исто така, има работено на повеќе филмски проекти како продуцент, сценарист и режисер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …