На Василичарскиот концерт во НОБ песни од најголемите поп и рок легенди

Песни од некои од најголемите поп и рок легенди ќе се изведат на Василичарскиот концерт во Националната опера и балет (НОБ). Тој традиционално се одржува на 12. и 13. јануари во пресрет на празникот Василица.
Концертот е насловен „Легенди“, ќе диригира Бисера Чадловска, а ќе настапат солисти, Хорот и Оркестарот на НОБ.
Според најавите од НОБ, ќе се изведат хитови на Витни Хјустон, Дејвид Боуви, Тина Тарнер, Елтон Џон, Барбра Стрејсенд, Мајкл Џексон, Стинг, Џорџ Мајкл, „Ганс ен роузис“, но во нови симфониски аранжмани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …