*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
НЕКОИ луѓе се исклучително привлечни и го будат интересот на оние околу нив без воопшто да се трудат. Ако некогаш сте се запрашале зошто некои луѓе се толку пожелни и го имаат „тоа нешто“ што ги издвојува од другите, одговорот можеби е запишан во ѕвездите. Откријте кои се најатрактивните хороскопски знаци.
Лав
Шармантните Лавови го привлекуваат вниманието на околината без никаков напор. Нивната огромна енергија и топлина е атрактивен и посакуван квалитет што ги прави неодоливи. Овој самоуверен знак сака да биде во центарот на вниманието, но никогаш нема да направи да се чувствувате како да сте во сенка. Нивниот ентузијазам е заразен, а љубовта кон луѓето ги прави уште попривлечни.
Скорпија
Скорпиите оставаат впечаток на мистерија и имаат сензуална енергија што интригира. Тие често се опишуваат како мајстори на заведување. Луѓето влегуваат во односи со Скорпиите од љубопитност, бидејќи сакаат да знаат зошто имаат толку лоша репутација. Нивната магнетна енергија и неразбирлива природа многумина доведуваат до лудило.