Телото на младата манекенка било пронајдено распарчено, а деловите биле оставени во фрижидер во изнајмена куќа во Хонг Конг. Аби Чои (28) била манекенка во подем од Хонг Конг која ја красеше насловната страница на едно списание во Монако токму овој месец.
Полицијата дошла до ужасно откритие во куќа во село, на околу половина час возење од центарот на градот. Во саксии со супа е пронајдено човечко ткиво, додека главата, торзото и рацете на жртвата не биле на местото на настанот.
„Во станот е пронајден алат со кој се распарчувале човечки тела, вклучувајќи мелници за месо, моторни пили, долги мантили, ракавици и маски“, соопштила полицијата.
Откако упаднале во куќа изнајмена од нејзиниот поранешен свекор во петокот попладне, полицајците откриле две нозе во фрижидер, како и лична карта на жртвата, кредитни картички и други предмети, соопштила полицијата, пренесува The Sun.
Изворите велат дека манекенката, која се појавила на насловната страница на модниот магазин L’Officiel Monaco овој месец, последен пат била видена жива во вторникот во Таи По, надвор од Хонг Конг, за време на кратко возење во близина на домот каде што биле пронајдени нејзините останки.
Полицијата почнала да ја бара во четвртокот. Се верува дека младата жена имала финансиски спор со нејзиниот поранешен сопруг и неговото семејство во вкупна вредност од 100 милиони (Хонг Конг) долари. А приказната за нејзината наводна екстраваганција се појави и во медиумите.
Geger Kasus Mutilasi Hong Kong, Korbannya Model Abby Choi Tin-Fung (28 tahun)
Polisi Hong Kong memeriksa sebuah rumah yang berada di Lung Mek Village (Taipo), yang telah menjadi tempat pembunuhan sadis pemodel Hong Kong berusia 28 tahun, Abby Choihttps://t.co/5qjJvMtUxO pic.twitter.com/mZDyx6ijW2
— Nunik Cho (@ChoNunik) February 25, 2023
Фото: Илустрација