Градот Скопје ги награди најдобриот скопски пожарникар, полицаец и крводарител за 2021 година

Град Скопје со признанија за најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител во Скопје за 2021 година. Признанијата ги додели градоначалничката Данела Арсовска.

За своите заслуги во работењето, успехот и пожртвуваноста признанија добија:


Петруш Ѓорѓиевски- пожарникар спасител во територијалната противпожарна
единица на Град Скопје- Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје.

Димитар Ристовски- полициски службеник во полициската станица за општа надлежност Кисела Вода- СВР Скопје.


Илија Трајковски- крводарител кој до неговата 62 годишна возраст дарувал крв 113 пати.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Искра“ – концерт на Македонската филхармонија со виртуозот на виолина Роман Симовиќ

Македонската филхармонија го најавува концертот „Искра” кој ќе се одржи на 16 мај (четврток) со …