По 1 евро за секој изминат час спортски активности: Вработените од Тиго Фајнанс со донација за социјално загрозени семејства

Во духот на празничната солидарност, негување на одговорна корпоративна култура, грижа за локалната заедница и посветено вложување во поддршкакон ранливите категории, вработените од Тиго Фајнанс обезбедија средства за покривање на трошоците за струја на социјално загрозени семејства.
Оваа донација се реализираше преку поттикнување на вработените на Тигода практикуваат различни форми на физички активности, при што изминатите километри и часови физичка активност на вработените беа меренипреку апликацијата Strava и за секој изминат час во спортски активностикомпанијата донираше по 1 евро за загрозените семејства, односно за покривање на трошоците за струја за 4 семејства.
Преку ваквата иницијатива, Тиго Фајнанс направи спој со двострани придобивки, односно, поддршка на на ранливите категориии семејства коишто се во ризик при своето домување, но и врз негување практика за здрав животен стил, промоција на здрави животни навики и грижа за животната средина во специфични услови кога овој проблем се покажува како особено важен на локално и на глобално ниво.
Донацијата, инаку, се реализираше во партнерство со организацијата Ways 2 Help чија цел е да обезбеди поголем избор и можности за помош на сите ранливи групи преку обединување на организациите, компаниите и индивидуалцитекои сакаат да помогнат во нивната едноставна платформаза плаќање сметки за струја на социјално загрозените земејства.
„Овие семејства се наоѓаат во специфични услови кога се зголемува невработеноста. Голем број на жители се истиснати на маргините од општеството, а за овие семејствата одговорот на прашањето на покривање на своите сметки е потежок од што може да се замисли. Трошејќи ги своите заштеди и гледајќи ги заостанатите сметки, овие семејства континуирано и секојдневно водат своја лична битка и затоа навистина сме благодарни на Тиго и сите општествено-одговорни компании кои изразуваат интерес да ја поддржат нашата мисија за помош на сите ранливи категории“,изјавуваат од Ways 2 Help.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот уметник Киро Урдин

Киро Урдин е роден во Струмица на 12 мај 1945 година. Дипломирал на правниот факултет …