ГОСПОД ГИ ЧУВАЛ – Мајка забележала прамен коса на седиштето, а потоа и дупка од куршум: Бог не спаси!

Сем Авила се движела по улицата во Сакраменто, Калифорнија, со својот 3-годишен син Логан на задното седиште.
Одеднаш слушнала неколку гласни истрели. Таа дури и не успеала да се снајде кога одеднаш пукнало предното стакло на автомобилот, а парчиња стакло летале на сите страни.
Едно лице пукало со пиштол од паркингот. Еден куршум го уништил прозорецот на продавницата, но никој не бил повреден. Вториот куршум поминал директно низ шофершајбната на Сем.Таа набрзина го запрела автомобилот за да провери дали е се во ред со нејзиниот син. Можела само да се моли да не е повреден. Фала му на Бога, со Логан се било во ред.
Кога погледнала малку подобро низ автомобилот, Сем забележала прамен коса како ѕирка од наслонот за глава на седиштето на совозачот, а потоа видела дупка од куршум.
Само еден сантиметар значел разлика помеѓу животот и смртта.
„Се чувствувам како Бог да ме спаси“, рекла Сем, „Не знам како куршумот го промаши мојот син, но фала му на Бога што го направи тоа“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …