Голем музички спектакл: Цеца и Анастасија Ражнатовиќ со прв заеднички концерт во Македонија!

Музичкиот спектакл во нашата земја за 2022 година дефинитивно е на почетокот од месецот јуни, односно 11-ти (сабота) и тоа во источниот дел од Македонија, поточно градот Пробиштип.

This image has an empty alt attribute; its file name is ceca-i-anastasija-1.jpg
Голем и неколкучасовен музички хепенинг со балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзината наследничка, младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ. Ова е нивни прв заеднички концерт сега и кој знае кога пак…
Концертот ќе се одржи во „AQUA PARK“ во Пробиштип, а гости освен од нашата земја, се очекуваат и од соседните земји како Бугарија и Србија.
Дека станува збор за голем музички спектакл говори и тоа што Цеца и Анастасија во Пробиштип доаѓаат со цела „армија“ од професионалци кои се ќе потрудат да звучат и изгледаат светски.


This image has an empty alt attribute; its file name is ceca-i-anastasija.jpg
Исто така пиар-службата на двете музички ѕвезди веќе најавиле дека во Македонија со Цеца и Анастасија ќе пристигнат и членови од нивното најблиско семејство, односно Вељко Ражнатовиќ со неговата сопруга и уште неколкумина други…
Организаторот на овој музички концерт, „Aqua Park Probistip“ велат дека полека веќе започнуваат подготовките за на 11-ти јуни. Тие не информираат дека Цеца и Анастасија ќе пеат на можеби најмодерната музичка опрема досега во нашата земја.

This image has an empty alt attribute; its file name is ceca-i-anastasija-2.jpg
„Цеца е перфекционист кога станува збор за звукот, стејџот. Ќе ја донесеме најмодерната техника и веруваме дека ќе имаме концерт налик оние на светските ѕвезди. Интересот е навистина огромен, очекуваме неколку илјадна публика во Пробиштип, а веќе почнаа да резервираат карти и гости до Србија и Бугарија – велат организаторите.
Инаку влезниците од среда (13-ти април) ќе бидат пуштени во продажба, односно ќе можат да се набават онлајн преку мрежата на „www.kupikarta.com“, како и Розе Вер 2, White Horse Скопје и билетарата на Aqua Park Пробиштип.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …