(ВИДЕО) Искрено со Петар Грашо: „Бракот е нешто убаво, и нешто кое го правиш со човек што го сакаш и со кој сакаш да останеш!”


„Многу се пишуваше за мене и Хана. Се пишуваше сешто, а некои медиуми не беа фер, но генерално повеќето беа коректни”

Хрватскиот пејач и композитор Петар Грашо беше два дена во Скопје. Кога е тука вели дека едвај чека да седне во кафеана. „Ма тоа го нема нигде ко тука. Седнуваш на маса, те чека ајвар, леб, сирење, маслинки, па уште некое добро вино. Оливер Драгојевиќ на времето ми викаше: ‘Кога ќе доаѓаш во Скопје на концерт, дојди два три-дена порано, тука има и вино и музика’,” искрен е Грашо.


This image has an empty alt attribute; its file name is petar-graso-1.jpg

Во Скопје беше и сопругата Хана, со која се ожени пред неполн месец. Тоа беше една од најозборуваните свадби во регионот. Хана е ќерка на Тончи Хуљич, а Грашо беше 24 години во љубов со Данијела Мартиновиќ со која беа неразделни.


„Многу се пишуваше за мене и Хана. Се пишуваше сешто, а некои медиуми не беа фер, но генерално повеќето беа коректни”, раскажува во интервју за „Репортер”, хрватскиот пејач.

И додава: „Сакавме со Хана фатени за рака пешки да се прошетаме низ малите сплитски улички па да дојдеме до црквата и да се венчаме. Се случи баш спротивното. Моравме да дојдеме со три црни коли и обезбедување, затоа што имаше 50 новинари”, раскажува Петар Грашо.


This image has an empty alt attribute; its file name is petar-graso-3.jpg

Не крие колку е вљубен во Хана, а дека е среќен оти се оженил, па вели: „Бракот е нешто убаво, и нешто кое го правиш со човек што го сакаш и со кој сакаш да останеш”.

Далматинец од Сплит кој со саати лови риби и лигњи и не признава добар ручек без шише вино. Грашо е исклучително спонтан и едноставен. Со сто мераци зборува за Трогир, каде во еден залив има куќа покрај море и таму сака со саати да лови риба, да плива, да готви и да пие вино.

„Ќе се качам на мојот брод, мал е 7 метри и цел ден можам да го минам со јадицата во раце”, искрен е Грашо.

This image has an empty alt attribute; its file name is petar-graso.jpg

Освен што е пејач, тој има и кафеана 25 години. „Адријатик” на Грашо е свратилиште и на сплиќани и на туристите, па оттаму е и угостител, оти кога не е пејач, до утре може да раскажува како се готви.
Несудениот кошаркар, кој иако потпишал договор со „Југопласитка” и требал да замине за Чикаго, Тончи Хуљич го убедил да свири во групата „Магазин”. Каков е Грашо кога не е на сцената, како се спремаат лигњи на два начина, за кумството со Дино Раѓа, дали Тончи го смени односот кон него откако ја ожени ќерка му, за Оливер до чии совети и денес се држи никогаш да не глуми ѕвезда… гледајте го интервјуто.

https://www.youtube.com/watch?v=_qWmbF-pwqE

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ВЕЖБАЛА ДО ИСЦРПЕНОСТ, ПЕШАЧЕЛА СО КИЛОМЕТРИ, ЕДВАЈ ЈАДЕЛА: Прогласена е за најубава жена на 62 години, но поради едно нешто, многумина „ја замразиле“

Деми Мур неодамна беше прогласена за најубава жена на светот, а таа открила колку нејзиниот …