Ѓоко Ѓорчев: „Ајде еднаш да бидеме сложни и да го победиме Ковид-Се работи за нашиот народ!“

Погоден од случувањата со корона вирусот во нашата земја, на својот профил на Фејсбиук се огласи и Ѓоко Ѓорчев:
„# ГОДИНА # НА # ОПАСНО # ЖИВЕЕЊЕ
Пријатели, денес е еден од НАЈТЕШКИТЕ денови, починаа 7. луѓе, седум семејства се завиткани во црно. ДОБРО, што треба да се случи за да сфатите дека вака не може, носете маски и придржувајте се кон препораките, луѓе ни умираат.
Апел до сите ПАРТИИ во Македонија, оставете ја политиката настрана, здружете ги силите да го победиме ова зло, има време и за политика, нека помине ова па кој е подобар тој нека ја води државата, но денес мислете на нашите граѓани. Дајте еднаш да бидеме СЛОЖНИ – се работи за НАШИОТ НАРОД, се работи за нашите ДЕЦА, мајки, татковци, браќа,сестри. Ајде ЕДНАШ да се издигнеме над нас и се’ да усмериме во една и единствена цел да го победиме ова зло, тогаш и Бог ќе ни помогне!!!“, пишува Ѓоко Ѓорчев на својот профил на Фејсбук


Објава што не може да не погоди, трогне и удира директно во срцето! Ајде конечно да ги обединиме нашите сили и да се спротивставиме на овој невидлив непријател! Дозволете ни да го поддржиме апелот на нашиот Ѓоко Ѓорчев и да ги почитуваме мерките за конечно да ја започнеме победата над Ковид!

Г.О.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …