Двојката ја започнала својата врска во септември 2018. година.
Легендарниот романски тенисер Илие Настасе се ожени по петти пат со жена која е 30. години помлада од него.
Настасе (73) стапи во брак со Лоана Симион (43) по „едноставна и убава“ церемонијата во одморалиштето Мамаја во романскиот крајбрежен град Констанца.
На поранешниот тениски ас и неговата партнерка во ресторанот по венчавката им се придружиле блиски пријатели и семејството. Настасе и Симион се во граѓански брак од април минатата година, но одлучиле да почекаат на црковната церемонија.
„Не направивме ништо посебно. Ја напуштивме црквата и јадевме во ресторан. Беше едноставно и убаво. Сакавме да го сториме тоа, со малку луѓе, без рекламирање. Тоа го сакаше мојата сопруга“, изјави тој за локалните медиуми.
Двојката ја започнала својата врска во септември 2018. година, откако поранешната тениска sвезда се развела од четвртата сопруга Бригите Сфат. Меѓу гостите бил и поранешниот романски фудбалер Циприан Марица (34) и неговата сопруга.
Настасе, кој има освоено седум Грен слем титули, претходно бил во брак со Доминик Грација (од 1972 до 1980 година) , пред да се ожени со Александра Кинг, Амалија Настасе и Сфат.