(ГАЛЕРИЈА) Неготино пееше со Ѓоко Ѓорчев и пријателите: Насмевки кои немаат цена!

Синоќа во Културнот центар во Неготино концерт одржа Ѓоко Ѓорчев, човекот кој „го прослави Неготино“ и вон границите на Македонија.
Ѓоко Ѓорчев со неговите пријатели – Кристина Палија (сопрано вокал), Ирена Крстевска Стевановски (вокал), Филип Стевновски бенд…како што можете да видите од фотографиите ги воодушевиле неготинчани.
Насмевките на задоволство на лицата на Ѓоко Ѓорчев и пријателите сведочат за одличната атмосфера на концертот. Салата во ЦК „Ацо Ѓорчев“ била претесна да ги прими сите оние кои сакале да присуствуваат на концертот „My way“ по повод 25. годишната работа на македоноскиот Том Џонс, со оглед на тоа колку ретко Ѓоко Ѓорчев настапува во својот град.
„Немам зборови да го опишам моето чувство, па и на колегите со кои заедно настапивме. Публиката од првиот момент не исполни со позитивна енергија, се чувствувавме едни со други и тоа придонесе за незаборавниот концерт…“ ни рече Ѓоко Ѓорчев.
Тој е скромен како и секогаш, но сепак дознавме дека публиката не сакала да ги испрати од сцената и десетина минути имало овации и многу бисови…
Одличен Божик за Ѓорчев но и убава ноќ за неговата 25. годишна кариера.На истата сцена почнал да пее а сега прослави јубилеј кој не само нему туку и на сите присутни ќе им остане во сеќавање…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …