Фотографијата на жена што излегува од море е најдобар доказ за катастрофата во Атина


Фотографијата која ја направил белгискиот фотограф Марк Гиселинк е најдобар доказ за еколошката катастрофа која се случила во Атина.
Белгискиот фотограф сликал една жена,додека излегува од морето, на плажа во познатата атинска населба Палео Фалири.
Подобар доказ за еколошката катастрофа која го погодила брегот на Атина нема, бидејќи жената излегла од море полиена со мазут.


Пред десет дена малечкиот грчки танкер „Agia Zoni II”,долг 91. метар, потонал, од непознати причини, непосредно откако од Пирејското пристаниште испловил со товар од 2.200 тони нафта и 370. тони дизел гориво за бродови. Мазутот, најпрво, во вторникот стасал до брегот на блискиот остров Саламина, каде што бродот потонал.
Чистењето би можело да потрае четири месеци, а бањањето на плажите на Атина и Пиреја не е препорачливо.


https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10155788035863556&set=a.179113128555.123421.695343555&type=3

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Британска водителка открила дека има дупка во срцето, се огласила по напорната операција

Британската водителка Ема Вилис открила дека била оперирана откако дознала дека има дупка во срцето. …