(ФОТО) Ѕвездите на новата кампања на „Викторија сикрет“ се „буцки“!

Божиќната колекција на долна облека „Викторија Сикрет“ беше претставена во нова кампања во која учествуваа модели од сите профили – млади, средовечни, слаби, буцкасти.

Пораката што брендот сака да ја испрати со новата рекламна кампања е позитивен поглед на светот, соработката, прифаќањето и прославата на индивидуалноста и различноста.
Тука се 51-годишната Хелена Кристенсен и 50-годишната Даниела Пестова, но и плус сајз манекенките Кендис Хафин и Девин Гарсија.


Новата кампања прикажува нова ера на деловно работење на позната марка која со години ангажираше само модели со совршени пропорции.


Валентина Сампајо стана првата трансродова манекенка која започна да работи за оваа модна куќа. Со оваа одлука, директорот на „Викторија Сикрет“, Ед Резек, се обиде да се искупи за несоодветниот коментар за трансродовите модели по ревијата во 2018. година, поради што се најде на удар на јавноста.

„Дали треба да имаме трансродови модели на ревијата? Не мислам. Зошто? Бидејќи нашето шоу е фантазија“, рече тој во тоа време во интервју за магазинот Вог. Поради таа изјава, тој изгуби два долгогодишни модели – Карли Клос и Лили Олдриџ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …