(ФОТО) „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“ – Студентката по медицина, Славица Ангелова, од Македонија ГО ШОКИРА жирито: „Одамна не се појави никој што ме изненади како тебе“

Младата Славица Ангелова од Македонија на дваесет години реши да си ја проба среќата на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“. Љубовта кон музиката ја покажала уште како мала кога се натпреварувала во „Некои нови деца“, а сега за време на студиите по медицина решила да продолжи таму каде што застанала.
Таа со својот раскошен глас го разгалила жирито и освои неверојатни осум гласа, поради што најгорда беше нејзината мајка која цело време навиваше од собата на емоции на познатиот Воји.
This image has an empty alt attribute; its file name is slavica-angelova-1-jpg.jpg
-Се гледа дека оваа девојка веќе била на оваа сцена, дека ја поминала токму таа младинска школа – рече Поповиќ, по што следеше тешката одлука на натпреварувачката, со оглед на тоа што доби право да избере кој било член на жирито како ментор.
-Се двоумам помеѓу Ѓорѓе и Марија. Многу е тешко, многу ми е тешко… Ах, го избирам Ѓорѓе – пресекла Славица, по што колегите му честитаа што го избрала.

This image has an empty alt attribute; its file name is slavica-angelova-2-jpg.jpg
Рокерот не го криеше задоволството што талентираната дваесетгодишна девојка стана дел од неговиот тим.
– За мене е голема чест! Морам да ви кажам дека од Џејла Рамовиќ не се појавил никој, барем во мојот случај, кој вака ме изненадил и воодушевил. Ете, многу се радувам – изјави Ѓорѓе Давид.


Фото и Извор: grand.nova.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …