(ФОТО) ЖИВОТ – Љубоморно момче ја полило со киселина и ја осакатил доживотно: Се венчале штом излегол од затвор!

Турчинката Берфин Озек (20) се омажила за мажот кој и фрлил киселина на лицето и ја осудил на доживотни тешки повреди и оштетен вид.
Озек се омажила со Касим Озан Селтик (23) овој месец, две години откако тој ѝ фрлил хемикалија во лицето поради расправија, поради што Берфин целосно ослепела на едното око, а гледа само 30. проценти на другото.
Во моментот на ужасниот напад Селтик и Озек не биле во врска, а пред инцидентот напаѓачот јасно и рекол на несреќната девојка: „Ако не можам да те имам тебе, никој нема“.

По нападот, Озек поднела жалба против Селтик и тој бил уапсен, но набрзо почнал да ја опсипува со љубовни пораки и да моли за прошка, што резултирало со повлекување на пријавата.
– Многу се допишувавме. Му се предадов. Многу го сакам и тој ме сака мене – изјавила Озек.


This image has an empty alt attribute; its file name is berfin-ozek.png
Сепак, нејзиниот напаѓач на крајот бил осуден на 13. години затвор, но по промената на законот за време на пандемијата, тој бил пуштен на условна слобода, што предизвикало осуда во јавноста.

Сепак, уште поголем револт предизвикала веста дека Селтик ја запроси Озек и дека таа кажала „да“. Таткото на Селтик бил шокиран и одбил да присуствува на церемонијата овој месец.
Секако, нивната венчавка уште повеќе го повредила нејзиниот татко, кој немал поим што се случува додека не дознал од медиумите.
„Со години се борев за неа, а сега се е залудно“, рекол тој.
Озек и Селтик се уште не одговориле на критиките на јавноста.


Извор:Jutarnj.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Василиј Острошки

Свети Василиј Острошки Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од …