Австралијанецот Сајмон Доранте-Деј (52) тврди дека е незаконскик син на британскиот принц Чарлс (70) и неговата денешна сопруга, во тоа време љубовница, Камила Паркер Буолс (71).
Сајмон кој себе се нарекува принцот Сајмон сака да оди на ДНК анализа и да ја заврши 40. годишната потрага.
Irish Mirror https://t.co/Y7hbunVLYD
— Simon Dorante-Day (@SimonDoranteDay) February 8, 2019
Доранте – Деј, чие средно име е Чарлс, е роден во 1966. година во Госпорт, грофовијата Хемпшир. Ако е вистина тоа што го тврди, зачнат е во 1965. година, кога Чарлс имал 17. години, а Камила 18. Тоа ја урива званичната верзија на љубовната приказна на Чарлс и Камила, според која се запознале на поло натпревар во 1970. година.
Го усвоила неговата баба Винифред која работела за кралицата Елизабета и принцот Филип. Сајмон тврди дека често му зборувала дека е „син на Камила и Чарлс“.
Сајмон со сестрата, бабата Винифред и дедото Ернест
„Не ми го навестуваше тоа туку директно ми го говореше“, вели тој.
„Некој ја коментирал стгруктурата на мојата вилица и рекол дека е иста како кај Нејзиното височество. Косата ми била како на Камила“.
Дали ви личат? Сајмон од младите денови и Камила Боулс
Сајмон кој себе се нарекува принцот Сајмон сака да оди на ДНК анализа и да ја заврши 40. годишната потрага.Во интервју за австралискиот магазин New idea рекол дека е убеден дека за него би се дознало ако принцезата Дијана не загинала во сообраќајна несреќа во 1977. година.
„Верувам дека Дијана знаела за мене и дека ги сложила сите коцкички од мозаикот. Мислам дека стасала до точката кога пронаоѓала се’ повеќе одговори за својот живот, за тоа какво зло и е направено и дека имала намера тоа да го објави“, раскажува тој.
Чарлс од бракот со принцезата Дијана ги има синовите Вилијам (36) и Хари (34), а Камила од бракот со Ендрју Паркер Боулс ги има синот Том (440 и ќерката Лора (41).
Извор: Mirror.co.uk
Фото: PRINTSCREEN FACEBOOK/SIMON CHARLES DORANTE-DAY