(ФОТО) Жена родила ДВЕ „ПАРА“ БЛИЗНАЦИ – Шансите да се случи ова се ЕДЕН ВО ДЕСЕТ МИЛИОНИ!

И покрај многу малите шанси, една жена родила два пара идентични близнаци одеднаш – шансите да се случи ова се еден на десет милиони!
Ешли Нес (35) на 28. јули со царски рез родила четири бебиња – две девојчиња и две момчиња во Општата болница во Масачусетс во Бостон, САД.
Новороденчињата се родени околу 12. недели порано од очекуваното, така што ќе поминат осум недели на одделот за интензивна нега за да се следи нивниот напредок, според портпаролот на болницата.
Зборувајќи за People, Ешли рекла: „Бебињата решија да дојдат на светот порано од очекуваното. Се чувствувам неверојатно!“

Ова се случува кога две јајце клетки се оплодуваат од две различни сперматозоиди, а потоа и двете јајце клетки се делат, создавајќи близнаци.
Д-р Ахмет Башат, директор на Центарот за фетална терапија и професор на Медицинскиот оддел за акушерство и гинекологија во Џонс Хопкинс, рекол дека нејзината бременост е „висок ризик“ и дека првпат се сретнал со такво породување во неговите 30. години кариера.
Самата бременост била неочекувана, бидејќи Ешли чекала уште една рунда контрацептивни средства кога ја добила веста дека е бремена.
Две недели подоцна, ѝ било кажано дека носи два пара близнаци – што го шокирало дури и техничарот за ултразвук.



Техничарот всушност ја напуштил собата за да провери на интернет дали се можни две групи близнаци одеднаш бидејќи бил толку изненаден што не можел да им верува на своите очи.
Ешли има осумгодишна ќерка и два посинчиња, но оттогаш поминала низ четири спонтани абортуси, па верувала дека нема да може да има повеќе деца.
Сега е пресреќна поради брзиот раст на нејзиното семејство, пренесува таа Metro.co.uk.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …