(ФОТО) Здравко Чолиќ објавил досега невидена фотографија со Корнелие Ковач: „Ни ги одбележа животите“

Корнелије Бата Ковач почина на 81-годишна возраст. Меѓу првите кои се простија од него на социјалните мрежи се неговите ќерки Александра, Кристина и Ања, а неодамна се огласи и еден од неговите најблиски соработници за кого напиша бројни хитови.
Корнелије Ковач напиша музика за театар, филмови, телевизија, како и за многу популарни изведувачи како Здравко Чолиќ, Бисера Велетанлиќ, Оливера Катарина, Лепа Брена.
Некои од најголемите хитови на Здравко Чолиќ ги напиша токму тој. „Ја викав Емили, „Април во Белград“, „Ти си ми во крвта“ и „Се можеш“ се само некои од нив.
Иако нивната соработка не започнала баш најдобро, подоцна тие станале најблиски соработници.
Здравко Чолиќ не ја криел тагата по веста дека Корнелије Ковач почина и се прости од него со трогателни зборови.
„Се чинеше дека ќе бидеш тука засекогаш. Ти благодарам за музиката… за делата што ги создаде… за зборовите на грижа и љубов што ги имаше за сите нас. Ни ги одбележа животите. Ти благодариме Бато за се“, напишал тој под заедничката фотографија.

View this post on Instagram

A post shared by Zdravko Čolić (@zdravkocolicofficial)


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …