(ФОТО) Запознајте го секси внукот на Чарли Чаплин: Кевин е манекен!

Роднината на Кевин, Оона Чаплин, посебно внимание привлекла со улогата во серијата „Игри на престолите“ каде ја отелотворила Талиса Старк. Во седмата епизода се соблекла гола за „жешки сцени“ на секс…

Легендарниот глумец и комичар Чарли Чаплин умрел во 88. година, а во текот на животот имал бројни афери. Се женел четири пати и имал 11. деца.


Неговиот син Еуген Чаплин (64), инженер за снимање, е татко на Кевин Чаплин (23) кого оваа недела модната двојка Доменико Долче (59) и Стефано Габано (55) го повикале да учествува на нивната ревија на Миланската недела на модата.

„Мислам дека дедо би бил горд на мене. Се’ мина одлично и едвај ја чекам следната ревија. Сите ме зафркаваа дали по модната писта ќе одам смешно како дедо“ рекол Кевин.


Манекенот неодамна дипломирал на Деловниот факултет во Женева каде завршил студии по финансии. Со модната двојка од италијанскиот бренд Dolce & Gabbana минатото лето го запознала сестра му, глумицата Киера (35). Дизајнерите биле воодушевени со изгледот на внукот на славниот Чарли Чаплин.

„Го ценам тоа што ме повикаа и секогаш со задоволство ќе одговорам за соработка. Освен тоа, одлично се забавував во Милано, беше незаборавно“ вели Кевин.

Моментално нема девојка, а тврди дека му одговара да „солира“ поради деловните обврски.

Дизајнерот Габана после ревијата рекол дека Кевин е скромен и едноставен млад човек кого го развеселила ситница како џемпер од нивната нова колекција, кој му го подариле.

I think this is my stop….

A post shared by kevin chaplin (@kevinchaplin23) on

Сестрата на Кевин, Киара, на малите екрани е од 2004. година, а досега снимила девет помалку забележани филмови. Се појавувала во бројни документарци за својот славен дедо.

Освен Кевин и Киара и нивната братучетка Оона Чаплин (31) исто така оди по дедовите стапки. Актерската кариера ја гради со години,  посебно внимание привлекла со улогата во серијата „Игри на престолите“ каде ја отелотворила Талиса Старк, во седмата епизода се соблекла гола за „жешки сцени“ на секс и ги покажала сите атрибути.Глума студирала на академијата Гордонстоун.

Глумела и во сериите „Табу“, „The Crimson Field“, „The Hour“ и други. Мајка и е глумицата Џералдина Чаплин (73), една од осумате деца кои Чаплин ги добил со глумицата Оона О’Нил по која и’ го добила името.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …