(ФОТО) За нив нема зима: Џон Сноу се оженил со својата „дивјачка“!

Иако Лесли во „Игри на престолите“ ја глуми дивјачката Игрит, во стварноста потекнува од аристократско семејство. Дворецот Вордхил, семејството на невестата го има веќе 900. години. Венчавката не ја пропуштиле ниту колегите од серијата…
Емилиа Кларк попознта како Даенерис Таргаријан, Питер Динклиџ (49), односно Тајрон Ланистер и други глумци од „Игри на престолите“ вчера се нашле во шкотскиот Аберден. Но, не се собрале за да ја снимаат последната, осма сезона на најгледаната серија во историјата која ќе ја гледаме наредната година, туку да сведочат на венчавката на Роуз Лесли (31) и Кит Харингтон(31).


Како и што му доликува на кралот на Северот, Харингтон, кој во серијата го игра Џон Сноу, со колешката се оженил во дворец. Младенката која облекла романтична бела венчаница и долг вел, ја допратил нејзиниот татко, Себастијан Лесли. Гордиот татко невестата до олтарот ја одвел облечен во килт.


Многумина забележале дека младоженецот бил нервозен пред венчавката. Сепак, тремата исезнала кога ја видел својата прекрасна невеста.


Меѓу славните гости биле и колегите од сетот на „Игри на престолите“, Меѓу првите пристигнал Питер Динклиџ, кој во серијата го глуми Тајрон Ланистер. Емилија Кларк блеснала во розов фустан. Глумицата која во серијата ја отелотворува Даенерис со задоволство им се насмевнувала на фотографите.
Иако Лесли во „Игри на престолите“ ја глуми дивјачката Игрит, во стварноста потекнува од аристократско семејство. Дворецот Вордхил, семејството на невестата го има веќе 900. години.

Двојката се запознала во 2012. година на сетот на серијата и бргу почнале да се забавуваат, а обожавателите таа вест ја дочекале со воодушевување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …