(ФОТО) Втора среќа: Се омажила Пени од „Банг, банг теорија“

Куоко за венчавката избрала венчаница украсена со чипка која го истакнала нејзиниот тенок струк, а после церемонијата се преслекла во комбинезон со длабоко деколте…
Глумицата се пофалила со фотографии од венчавката, меѓу кои била и една црно-бела на која после церемонијата се бакнува со новопечениот сопруг, Карл. Инаку сопругот на Куоко е професионален јавач, но и син на милијардерот Скот Кук, коосновач на софтверската компанија „Intuit“.

Legally KCSQUARED 6-30-18 ❤️


A post shared by @ normancook on


Куоко за овој ден избрала венчаница украсена со чипка која го истакнала нејзиниот тенок струк, а после церемонијта се преслекла во комбинезон со длабоко деколте.

Ok let’s party!!! #kcsquared 💋 💕


A post shared by @ normancook on

Инаку, двојката почнала да се забавува во март 2016. година, а се свршиле минатата година во ноември, на нејзиниот 32. роденден.

„После скоро две години врска конечно собрав сили и ја запросив. Ова е најубава ноќ во мојот живот,а мислам дека и Кајли убаво си помина. Рече ДА“, рекол Карл откако ја запросил глумицата.

„Свршени сме“, викнала Кајли низ солзи.
Инаку, Кајли веќе била во брак со тенисерот Рајан Свитинг (30). Нивната среќа потрајала околу две години, а се развеле во 2015.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …