И’ додека страстите и понатаму не се смируваат во врска со аферата Мегзит, остатокот од кралското семејство се враќа на нивните дневни обврски.
Братот на принцот Хари и неговата снаа, принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон, го посетија Бредфорд, а Кејт, како и секогаш, внимавала што ќе облече.
Таа одбрала вистинската зимска облека во која изгледала многу елегантно и средено.
Кејт избрала многу стилски, но сепак едноставен зелен капут, со кој комбинирала црни салони и торба во иста боја.
Таа покажала дека знае како сега да оди со модата, затоа што под скапиот капут носела фустан на една шпанска марка која е достапна за сите.
Изборот на накит, поточно, обетките во зелена боја, кои совршено се вклопуваат во целокупната комбинација на облека, докажува дека таа се погрижила за сè.