(ФОТО) Во потрага по „лесни пари“станале дел од ланец за проституција: Животот на богатите малолетнички ја леди крвта во вените – сега „преточен“ и во тв серија!

Кјара и Лудовика живеат во најелитниот дел на градот Рим, Париоли, одат во прескапи приватни училишта и носат најскапи алишта. Сепак, иако имаат сè што ќе посакаат повеќето лоши одлуки ги внесуваат во ланецот на проституција…што било мотив за сопствениците на „Нетфликс“ да ја снимат серијата „Baby“..
„Доколку имате 16 години и живеете во најубавиот дел од Рим тогаш вие сте среќни. Нашиот свет е најубавиот. Меѓутоа, за да преживееме мора да водиме таен живот“.
Со овие воведни зборови почнува воведот на првата епизода од контроверзната италијанска серија „Baby“ која е базирана на вистински настани, која низ пејзажите на преубавиот Рим ве воведува во животот на две тинејџерки од имотни фамилии кои во потрага по идентитет и независност почнуваат да нудат сексуални услуги во замена за пари, мобилни телефони и скапи дизајнерски алишта.


Кјара и Лудовика живеат во најелитниот дел на градот Рим, Париоли, одат во прескапи приватни училишта и носат најскапи алишта. Сепак, иако имаат сè што ќе посакаат повеќето лоши одлуки ги внесуваат во ланецот на проституција, а целата приказна е инспирирана од аферата „Baby Squillo“, во буквална смисла „Бејби хот лајн“ која во 2014-та година ја обиколи цела Италија.


Сè започнало така што загрижените родители повикале полиција и откриле дека група малолетни тинејџерки од квартот Париоли се дел од ланецот на проституција.


Малолетните девојчиња во изјава за полицијата раскажале како стигнале до проституција, а тоа го направиле така што на Гугл напишале само две зборчиња – „лесни пари“.

Набрзо наишле на оглас кој го нудел тоа и по извесно време станале нивни проститутки.


Тоа што е интересно во нивната приказна е фактот што тие биле многу млади и многу попривлечни за одредени клиенти, вклучувајќи го и внукот на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини.

Девојчињата заработувале и до 3.000 евра дневно за својата работа. Иако проституцијата во Италија не е илегална кога станува збор за малолетници ситуацијата се менува. Девојчињата објасниле дека станале зависни од пари и дека не можеле да престанат да го прават тоа.ОД 50. мажи кои користеле услуги од тие девојчиња, 11. отслужиле казна затвор и платиле парични казни.
Кога станува збор за девојчињата тие откако се завршило побарале помош од психолог.Како што се наведува, 14-годишните девојчиња претрпеле тешки психички трауми додека пак 16-годишните биле во состојба полесно да соработуваат со полицијата.
Овие девојчиња директно ги инспирирале ликовите на Кјара (16) и Лудовика (14) во серијата „Baby“.
Нивните идентитети и ден денес се непознати со цел да им се овозможи нормален живот.

Фотографиите во написот се рекламен материјал од серијата „Baby“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …