(ФОТО) Во Грција се породила жена заразена со коронавирус: Пристигнале резултатите за бебето!

Во Грција се роди првото бебе чија мајка беше заразена со корона вирус
Првото бебе чија мајка била заразена со коронарен вирус е родена во Грција, но резултатите од првиот тест „Ковид-19“ за новороденче се негативни.
Бремената жена која вчера се породила со царски рез претходно била хоспитализирана бил активиран посебен план за лекување.
Директорката на атинската гинеколошка клиника,Софија Калантарид, за грчката телевизија Скај рекла дека болницата веќе има посебен оддел посветен на вакви случаи, додека вработените веќе добиле обука за вакви ситуации.
Гинекологот Јоргос Хрелјас рекол дека тие знаеле дека бремената жена е заразена со вирусот Ковид-19 и им била неопходна посебна грижа и лична заштита.
Случајот го коментирал и грчкиот министер за здравство, Василис Кикиjас, кој на својот Твитер профил објавил селфи фотографија од докторот со мајката.
„И среде неволја, се роди надеж. Лекарите и медицинските сестри во болницата Атикон по раѓањето на нивното прво дете во нашата земја, од мајка позитивна за вирусот „Ковид-19“. Бебето е здраво“, напиша Кикиjас на својот профил на Твитер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …