(ФОТО) Внимавајте на децата: Во Европа пристигнала ужасна суицидна игричка!

МОМО е нова вознемирувачка игричка кој се шири преку популарната апликација за размена на пораки на WhatsApp.
Аргентинската полиција се сомнева дека оваа игричка е поврзана со самоубиството на 12. годишно девојче и издале предупредување на сите родители да внимаваат на своите деца.
Девојчето од Аргентина пред самоубиството ги снимила нејзините активности, а по откако си го одземала живот, полицијата пронашла пораки. Сега трагаат по 18.годишник кој е осомничен дека го запознал девојчето онлајн.


Момо е кукла со големи очи и долга, црна коса, работа на јапонскиот уметник Мидори Хајаши кој не се поврзува со играта.
Ужасната игра почна да се шири во светот така што корисниците на WhatsApp почнале да комуницираат со непознати броеви.Ним брзо почнале да им пристигнуваат насилни слики и пораки од оваа закана.
Слична игричка се појавила во 2017. година во Русија. Поради „Синиот кит”, животот си го одзеле повќе од 130. млади луѓе на возраст од 10. до 16. години.

https://twitter.com/UIDIFGETabasco/status/1017541033813409793/photo/1


Игричката засега се појавила во Мексико, Аргентина, Америка, Франција и Германија, а предупредување до родителите беше издадена и од шпанската полиција. Им советуваат на корисниците на WhatsApp да ги игнорираат пораките од непознати броеви.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …