(ФОТО) Владо Јаневски болен: Концертот од 1. јуни одложен за есен!?

Поради здравствената состојба на Владо Јаневски одложен е концертот кој беше најавен за 1. јуни на стадионот на АРМ.
Соопштението беше објавено на службената страна на Авалон продукција на Фејсбук:
ОДЛОЖЕН КОНЦЕРТОТ НА ВЛАДО ЈАНЕВСКИ
„Драги пријатели,
Со жалење ве известуваме дека сме приморани да го одложиме најавениот концерт на Владо Јаневски, којшто требаше да се одржи на 01. јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Причина за тоа е здравствената состојба на Владо Јаневски.
Исто така ве информираме дека со сигурност Владо Јаневски и Авалон ќе најдат нов термин во периодот октомври-ноември за одржување на овој концерт што требаше да биде по повод 25. години од соло кариерата на Владо Јаневски, во ВИП арена.
Сите оние кои имаат купено влезници досега, ќе можат да ги вратат веднаш на продажните места каде што ги имаат набавено“, Авалон Продукција.
Со ова соопштение фановите на Владо Јаневски се во исчекување на нови информации за здравствената состојба на пејачот кој во минатото, како што се шушкаше, имал проблеми со внатрешните органи…
Му посакуваме што побрзо опоравување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …