(ФОТО) Викторија Лоба со нов дует – неочекувана „спојка“ за „Каде сме ние?“!

Македонската музичка сцена, со пролетта, како да почна да заживува, што во секој случај радува…А, кога тоа ќе донесе и нови, невообичаени соработки е посебно добро бидејќи во секој случај донесува и’ освежување…

Можеби не ви паѓа на памет да ги поврзете Викторија Лоба и Драган Величковски-Тајзи, но ете и тоа е можно.


Имено, овие две популарни музички имиња се поврзаа во дует за нивната најнова песна насловена „Каде сме ние“, за која деновиве снимаа спот со Даниел Јовески.

Соработката ја најавија преку неколку фотографии на кои изгледаат урбано и компактно.


Инаку, песната е дело на Роберт Билбилов, а како ќе изгледа и звучи комплетното пакување, останува да видиме наскоро…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …