(ФОТО) Вечерта пред погребот беше објавена досега невидена фотографија од кралицата Елизабета

ВЕЧЕРТА пред погребот беше објавена досега невидена фотографија од кралицата Елизабета. Фотографијата е направена на нејзината 70-годишнина.
На фотографијата кралицата носи сина облека и со насмевка гледа во камерата, а најмногу се истакнуваат нејзините сини очи. „Таа ги има тие прекрасни сини очи, кои кога се насмевнува и го осветлуваат целото лице. Секогаш ќе ја паметам нејзината насмевка. Таа насмевка е незаборавна”, изјавила Камила неодамна за својата свекрва.

Кралицата позирала за оваа фотографија во замокот Виндзор.
Британскиот монарх со најдолг стаж почина во замокот Балморал во Шкотска на 8. септември. Таа имаше 96. години.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …