Легендата на југословенската поп музика, Ѓорѓе Марјановиќ, почина на 89-годишна возраст, на 15. мај оваа година. Неговиот син Марко Марјановиќ од него се прости преку Твитер.
„Можеби не бев најсјајниот син, но ти беше најдобриот татко. Стихот што најдобро те опишува: Моето лудо срце, тој ќе даде сè за песната, и некаде на тој пат… Тоа ќе застане засекогаш. Ти благодарам за среќното детство. 1931-2021 година“, напиша тој на Твитер.
Možda nisam bio najsjajniji sin, ali ti si bio najbolji ćale.
Stih koji
Te najbolje opisuje:
Moje ludo srce, za pesmu sve će dati, i negde na tom putu..
Zauvek će stati. Hvala na srećnom detinjstvu.
1931-2021#djordjemarjanovic pic.twitter.com/ZqQX6i3mPd
— Marko Marjanović (@mkmgandhi) May 15, 2021
Марко потоа им се заблагодари на своите придружници кои му дадоа зборови на утеха.
„Прекрасни луѓе, вие што ме следите, ви благодарам за сите љубезни зборови, охрабрување, утеха. Благодарам за секој убав збор за татко ми. Вие ми ја враќате верата и силата. Не ме обвинувајте ме што не можам да одговорам на секој поединечно. Ја читам секоја порака и многу ми значи. Фала уште еднаш“, напишал тој.
Divni ljudi, vi koji me pratite, hvala na svim lepim rečima, ohrabrenja, utehe. Hvala za svaku lepu reč o mom ocu. Vraćate mi veru i snagu. Ne zamerite mi što nisam stigao svakom da odgovorim pojedinačno. Svaku poruku sam pročitao i…mnogo mi znači. Hvala još jednom❤️💔🙏
— Marko Marjanović (@mkmgandhi) May 16, 2021
Ѓорѓе Марјановиќ е познат југословенски пејач, најпопуларен во текот на 60-тите, 70-тите и 80-тите години на минатиот век во СФР Југославија и Советскиот Сојуз и според многумина најголемата sвезда на југословенската и српската поп музика.