(ФОТО) ТВ ЕКРАН: Во емисија во живо водителка во шок – соговорникот се соблекол гол!

„Не сум видела гол маж толку многу долго време“,

Водителката Холи Вилогби, останала во шок кога пејачот Метју Гос се соблекол гол во шоуто „Celebritu Juice“, а својата машкост ја сокрил со чорап.
На Холи тоа воедно ѝ било последно водење на емисијата во која што поминала цели 12. години. Прво таа го наговарала пејачот да се соблече за да привлечат внимание во јавноста, на што тој се согласил без размислување, а интимните делови ги сокрил со својата гитара.


Меѓутоа, водителката потоа сугерирала дека можеби не е целосно гол и дека под гитарата има боксерки. Метју ја тргнал гитарата и ја покажал својата машкост која што ја покрил со чорапа, на што Холи од шок ги ставила своите раце на устата.
„Не сум видела гол маж толку многу долго време“, се пошегувала таа.
Емисијата предизвикала многубројни коментари на социјалните мрежи:
„Не можам да верувам што направи, баш ме насмеа“, „Колку многу беше добра емисијата денес“, „Баш е легенда“ – пишувале Твитерџиите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …