(ФОТО) Цитроен го откри новиот Ц4 кој го наследува легендарниот ГС!

Во CITROEN, се многу горди на новиот C4, чија светска премиера е закажана за крајот на месецот.
На 30 јуни годинава, Citroen премиерно ќе ја претстави новата C4, која исто така ќе понуди и целосно електричен ë-C4. Тие велат дека е достоен наследник на претходните компакти, меѓу кои и познатиот носител на титулата Европски автомобил на годината, ГС, кој го слави својот 50-ти роденден.

Се појавија првите фотографии од новиот Цитроен Ц4
Како што најави францускиот произведувал, новиот Ц4 ќе припаѓа во кросовер сегментот. Практично во едно возило се обединети Ц4 кактус и хечбекот Ц4.



Љубителите на возила со марка Цитроен за сега можат само да уживаат во фотографиите од новиот модел, со оглед на тоа дека техничките спецификации се оставени за онлајн премиерата која ќе се одржи последниот ден од јуни. Сепак, компанијата откри дека новиот Ц4 ќе се прави во целосно електрична верзија.

Врз основа на првите фотографии, се гледа дека новиот модел не е класичен кросовер, туку има облик на купе-кросовер.



Оваа каросериска форма, е започната помеѓу премиум произведувачите, а полека се шири и во мејнстрим компаниите, па така Рено пред неколку години го претстави моделот Аркана, а Фолксваген го претстави моделот Нивус.
Цитроен ниту овој пат не ги изневери очекувањата кога е во прашање дизајнот на автомобилот, со оглед на тоа дека францускиот произведувач одамна е познат по моделите со необични стилски решенија.
Доста поделени мислења ќе има околу изгледот на предниот, како и на задниот дел на возилото, со специфичните решенија за светлосните групи. Сепак, нема сомнеж дека овој автомобил ќе привлекува внимание каде и да се појави.
Уште по интересно е што Цитроен, покрај конвенционалните верзии, на купувачите ќе им понуди и целосно електричен Ц4.


Електричниот Ц4 е дел од електричната офанзива на компанијата, со оглед на тоа дека до крајот на годината планираат да лансираат пет електрични модели, велат од компанијата.
Повеќе детали за новиот Ц4 ќе бидат познати на крајот на овој месец.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …